Хроника

Уапсен малолетник: Ги нападнал мајката, сестрата и братот во семејниот дом

Уапсен малолетник: Ги нападнал мајката, сестрата и братот во семејниот дом

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобода малолетник од Скопје.

-Тој во семејниот дом во скопско село физички ги нападнал неговата 42 – годишна мајка, малолетниот брат и 20 – годишната сестра, при што употребил тврд предмет, информира МВР.

Според пријавеното, тој оштетил и дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

To top