Падот на Фејсбук и Инстаграм вчера изненади многу корисници ширум светот кои немаа пристап до нивните профили околу еден час, а реакциите го преплавија X (поранешен Twitter).
Твитот на „Ryanair“ насмеа многу луѓе. „Немате Инстаграм? Нема проблем. Ние немаме ни Wi-Fi“, напишаа тие. Објавата собра повеќе од 1,3 милиони прегледи, а многумина го фалат админот за неговата смисла за хумор.
no instagram? no problem! we don't have wifi anyway
— Ryanair (@Ryanair) March 5, 2024
За потсетување, падот на Фејсбук и Инстаграм го најави и шефот на Х, Илон Маск, кој на својот профил на Х напиша: „Ако ја читате оваа објава, тоа значи дека нашите сервери работат“.