Регион избегната катастрофа

Драма во Грција: Авион удрил со крило во бариера

Авион на „Рајанер“ удрил во бариера на аеродром во Грција, и претрпел значителни оштетувања на крилото, веднаш по неговото слетување. Патниците биле преплашени, и останале во авионот.

Боингот 737 доживеал „силни турбуленции“ за време на летот, пред патниците да слушнат гласен тресок кога авионот слетал и се судрил со пречка.

Летот FR6080, кој полета од аеродромот Станстед во Лондон во среда наутро , безбедно слета на меѓународниот аеродром Каламата – неколку моменти пред ненадејниот удар.

Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот, но на преплашените патници им било кажано да останат во авионот и покрај загриженоста за пожар откако крилото било оштетено – оставајќи ги патниците „збунети“.

Фотографиите објавени од „Сан“ покажуваат обемна штета на авионот на „Рајанер“ . Крилото на авионот е видливо откинато од бариерата.

To top