Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Евертон, Вејн Руни ќе ја добие наградата Фудбалска легенда во Англија, пренесува „Дејли мејл“.
Според британскиот весник, Руни ќе ја добие наградата како признание за неговата посветеност кон селекцијата на Англија. Оваа награда ќе ја добие и Фара Вилијамс.
Руни постигна 53 гола на 120 натпревари за Англија и е вториот најдобар стрелец во историјата на земјата. Во март 2023 година, тој беше надминат од Хари Кејн.
Вилијамс одигра 172 натпревари за националниот тим во текот на 20-годишната кариера во која ја претставуваше Англија на седум големи турнири, сè уште најмногу од која било англиска фудбалерка.
Првата награда на Фудбалските легенди му беше доделена на играчот од Велс, Лидс и Јувентус, Џон Чарлс во 1997 година. Помеѓу добитниците се и Сер Стенли Метју, Сер Алекс Фергусон, Дејвид Бекам и Пеле. (МИА)