Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието и наместа во југозападните делови. Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а дневните ќе бидат до максимални 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе биде 15 степени.
Од денес под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег. Наместа и особено во планинските региони ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.