Актуелниот претседател Стево Пендаровски вчеравечер на 27. Конгрес на СДСМ откако доби поддршка за нов претседателски мандат посочи дека очекува двојна победа.
Имаме свои вредности и потенцијали и сме подобри од нив, истакна Пендаровски.
Пендаровски оцени дека се лажни анкетите што ги прикажува ВМРО-ДПМНЕ и оти вистинските покажуваат дека СДСМ и Пендаровски ќе ги добијат претстојните и парламентарни и претседателски избори.
– Не е воопшто случаен денешниот резултат на СДСМ во собирањето на потписите. Трендовите од пред извесно време се променети – рече Пендаровски.
Според Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ нема став за стратешките прашања на државата.
– Кој е нивниот предлог за преговарачката рамка? Велат ќе ви кажеме кога ќе дојдеме на власт. Со таков пристап не можете и не смеете да бидете претседател на месна заедница. Тоа се луѓе кои не се извинија за најголемиот срам во историјата на Македонија – 27 април – рече Пендаровски.