Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи работи и во недела, напиша на Фејсбук техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Благодарност и за овие колеги кои навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми како од технички, така и од кадровски аспект, истакна Тошковски