СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 21.05.2023 во угостителски објект во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на друго лице, при што пронашле кокаин, кој го набавил од пријавениот.