Македонија Тема на денот

Мицкоски: Анкетите покажуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, ценам дека ќе добиеме помеѓу 53 и 56 пратеника

„Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“.

Мицкоски: Анкетите покажуваат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, ценам дека ќе добиеме помеѓу 53 и 56 пратеника

Внатрепартиските анкети на партијата се континуирани во текот на цела година, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник во Тема на денот на ТВ Сител.

Според последната анкета, Мицкоски истакна дека доколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале околу 22-23 проценти, додека за СДСМ само 9 до 10 проценти.

-Февруарските анкети теренски се дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ доколку утре има избори е помеѓу 22-23 проценти. СДСМ се движи околу 9-10 проценти од прилика од освоените гласови, условно кажано ДУИ и обединетата албанска опозиција би се движеле помеѓу 6-6.5 проценти од освоените гласови. Партиите ЗНАМ и Левица би се движеле околу 4-5 проценти, нагласи Мицкоски.

На прашањето колку пратеници би освоила ВМРО-ДПМНЕ според анкетите, Мицкоски рече:

„Врз основа на овие бројки на државно ниво пондерирани во број на пратеници ценам дека во моментот би се движела ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата помеѓу 53 и 56 пратеника“.

Најнови вести од Македонија

To top