Интересна мапа споделена на социјалните мрежи ја покажува веројатноста да ви понудат храна како гостин во одредени европски земји.
-Ќе добиете ли храна како гостин во нечија куќа?, било наведено со картата и земјите се претставени во различни бои.
Темно сината ги означува местата каде што речиси секогаш добивате храна, светло сините земји каде често ќе ве понудат со храна, додека портокаловата ги означува оние каде не се очекува да ви се даде храна, а црвената ги означува земјите каде што речиси никогаш нема да ви понудат храна.
Македонија и околните државни се истакнуваат во гостопримството – обоени се во темно сина нијанса каде што речиси секогаш ќе добиете храна како гостин во нечиј дом.
Колку подалеку одите на север, веројатноста се намалува. Така, во јужниот дел на Франција и на северот на Италија, во Словенија, потоа во земјите од источна Европа, често ќе добиете храна.
Во јужниот дел на Германија, Австрија, Швајцарија и дел од Велика Британија ретко ќе добиете храна.
Северот на Германија, Холандија и скандинавските земји се означени со црвено, што значи дека во овие земји речиси никогаш нема да ви понудат храна како гостин.