Се очекува должностите на 42-годишниот Швеѓанец, покрај комуникација со тимот, да бидат и овластувања во трансфер политиката и подмладокот на тимот. Тој ќе биде и врската меѓу тимот и директорите. Ова треба да го намали опсегот на актуелниот извршен директор на клубот, Италијанецот Џорџо Фурлани, кој беше назначен на оваа позиција во ноември 2022 година.
„Calciomercato“ пренесува дека Милан и Ибрахимовиќ моментално разговараат за последните детали од партнерството и наскоро ќе го објават официјалното назначување. Ова може да се случи на 11 ноември пред гостувањето на „Росонерите“ кај Лече во натпревар од 12. коло на Серија А.
Ибрахимовиќ го најави своето пензионирање во летото 2023 година. Милан беше неговиот последен клуб.