-Судот утврдил, дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донело правилник надвор од предвидениот законски рок за донесување.
Значи судот констатирал неажурност на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно на министерот Љупчо Николовски.
Социјалистичка партија на Македонија прашува како и дали воопшто се врши контрола на семе и саден материјал во Македонија? Дали сме изложени на увоз на семе кое не ги задоволува критериумите кои се пропишани?
Дали преку таквото неконтролирано и неиспитано семе и саден материјал, можеме да увеземе болест кај растенијата која ќе направи несогледливи економски последици на земјоделството во Македонија?
Молчењето и непостапувањето на Николовски кажува многу, а неодговорното однесување продолжува.
Социјалистичка партија на Македонија потенцира дека одговорност за ваквите несовесни однесувања ќе има.
Нема нов Правилник за количини на семенски и саден материјал од сорти на семенски растенија кои не ги исполнуваат условите за трговија, а се наменети за научни цели, селекција, официјално испитување или инспекциски надзот откако истиот беше укинат од Уставниот суд на 20 декември 2023 година. Според тоа МЗШВ и фитосанитарната инспекција работи спротивно на законот.
Одлуката треба да се објави во рок од 7 дена во Службен весник, но доцни веќе 40 дена и 2 месеца нема нов Правилник.