На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХи МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.
Во Собранието денеска, како што е најавено, седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за локална самоуправа, а две седници ќе одржи и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлогот на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, по скратена постапка, а Комисијата за локална самоуправа ќе ја проследи презентацијата на извештаите од оценката на спроведувањето на Законот за локалната самоуправа и Законот за Градот Скопје.