Ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ, Александра Поповиќ од година во година се повеќе ја изненадува јавноста.
Имено овој пат таа повторно се најде во центарот на вниманието во соседна Србија откако медиумите пишуваат дека таа го напуштила факултетот на кој студирала за да заврши курс за маникир и да започне да се занимава со оваа професија.
Таа на социјалните мрежи објавува и видеа во кои го покажува и процесот на правење на накит кој сама го изработува, додека следбениците коментираат дека не се сомневаат каква е и во другата професија на правење нокти.
-Таа не ја интересира да работи во „Гранд“, во други води ем а синот е тонец во „Гранд“. Кога ќе ги заврши студиите ќе видиме, изјави своевремено Поповиќ за својата наследничка.
Нејзината мајка во една прилика открила дека ќерка и не сакала да го прославува својот 18-ти роденден.
„Немојте случајно да ми правите некаква журка и да ми правите роденден јавно, тоа не го сакам. Таа е скромна и не бара ништо“, изјави во една прилика Сузана.