Македонија ТВ21

Таравари: Најголема грешка ми беше што влегов во Владата, ДУИ ќе прифатеше да бидам првиот премиер Албанец

Тој порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Таравари: Најголема грешка ми беше што влегов во Владата, ДУИ ќе прифатеше да бидам првиот премиер Албанец

Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател Арбен Таравари гостуваше синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде порача дека една од најголемите грешки било што влегле во владата на СДСМ и ДУИ.

„Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците“, вели Таравари.

Тој додава дека ја признава таа грешка.

„Луѓе сме“, додаде Таравари.

Тој порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.

Откри дека имал понуди од ДУИ.

„Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години“, порача Таравари.

Најнови вести од Македонија

To top