Различни истражувања покажале дека жените живеат подолго од мажите, но кога станува збор за физичкото стареење, мажите имаат предност – процесот им оди побавно.
Првата причина е бременоста и менопаузата низ кои поминуваат жените, но другите причини, покажани со истражувањето, изненадуваат.
-Дали знаевте дека жените генерално повеќе страдаат од стрес отколку мажите? Тие се повеќе склони кон нервни сломови, особено ако се поврзани со работата, открива др. Џудит Моринг, а постојаната изложеност на стрес неизбежно води до порано стареење.
Стареењето е поврзано и со хормоните – естрогенот е одговорен за младешкото лице кај жените, а тестостеронот кај мажите. Жените се првите кои добиваат брчки бидејќи производството на естроген се намалува побрзо од производството на машки хормони. Сепак, женските брчки не се толку длабоки и остри како кај мажите.
Последната причина изгледа неверојатно, но дерматолозите тврдат дека мажите побавно стареат бидејќи имаат дури 25 отсто подебела кожа од жените. Процентот варира од личност до личност, но општите информации остануваат исти.