Прашањето за тоа што го тера некого да убие долго време доминира во светот на криминалната психологија. Но, она што ги тера децата да убиваат е прашање што покренува нови предизвици.
Во светот, но и во нашиот регион, изминатиов период се случија низа ужаси и убиства кои ги направија деца.
-Сè уште е многу ретко децата да вршат насилни дејствија, а камоли убиство и затоа привлекува медиумско внимание бидејќи се работи за необичен настан, објаснува форензичкиот психолог д-р Кери Никсон.
Што ги тера децата да вршат насилни дејствија?
Д-р Никсон ја нагласува важноста на трауматичното потекло кај децата кои се впуштаат во насилни дејствија. Таа наведува дека повеќето деца кои вршат тешки кривични дела потекнуваат од нефункционални семејства, со сиромаштија, дрога и алкохол. Се нагласува дека ретко се случува децата од стабилни и љубовни средини да прават вакви дела, што укажува на важноста на семејната средина во формирањето на детското однесување.
Недостигот на љубов во семејството може да доведе до тоа детето да се чувствува љубоморно и да има потреба од постојана конкуренција и натпреварување со другите.
Д-р Холмс предупредува дека тинејџерите се особено изложени на ризик да убијат други луѓе поради зголеменото ниво на хормони. Тогаш тие се помалку сочувствителни и не гледаат понатамошни последици.
Исто така, дигиталната средина, Интернетот, има многу големо влијание врз децата. Нагласено е дека насилната содржина може да ги десензибилизира децата, што значи дека следењето на активностите на Интернет е многу важно.