СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(43) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 05.10.2023 во Битола, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
На 07.11.2023 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар, Т.С.(71) од Свети Николе физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.К.(65) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 26.10.2023 во Кочани, пријавениот спречил полициски службеник во вршење на службено дејствие.