На 13.02.2024 во 16:40 часот во Штип, полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.