-Навистина сум среќен што можам да посведочам една озбилна трансформација на општина Бутел. Општина која што би рекол некако беше ставен на маргините на владата на СДСМ и ДУИ. Но, благодарение на градоначалникот Дарко Костовски, администрацијата, советниците, мнозинството во советот, гледаме како на дневна основа се менува во позитивна смисла, се трансформира и тоа е само одличен пример како после победата на 8 мај идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја трансформира Македонија.
Има многу проекти кои што се подготвени од страна на тимот на градоначалникот, Дарко вредно работи заедно со администрацијата и својот тим тука во општина Бутел. Проектите се готови, така што за неколку месеци од денеска и тие проекти кои што не беа дел од кампањата, а кои се потреба на бутелчани ќе бидат реализирани. И јас мислам дека на тој начин само ќе додадеме вредност врз квалитетот на животот на бутелчани.
Посакувам многу успешни проекти, многу среќа пред се, затоа што и среќата е потребна, и само вака да се собираме за убави работи како што е овој проект кој што денеска заедно со вас медиуми го видовме, рече Мицкоски.