Храна и Пијалаци рецепт

Без квасец и чекање да нарасне, од 4 состојки: Најдобар рецепт за интегрален леб кој можете да го јадете и ако сте на диета

Се прави за еден час, а во неговата свежина можете да уживате до 7 дена, доколку можете да одолеете да не го јадете.Ако сте се здебелиле во текот на зимата и сега барате начин да го намалите внесот на калории, ќе започнете со елиминирање на белото брашно.

Ви пренесуваме рецепт за супер мек интегрален леб, кој ќе го сакате и ќе го јадете дури и кога сте на диета.Не содржи глутен, многу е хранлив и е најблиску до белото брашно. Од него лесно може да се направи секое пециво, дури и без адитиви за квасец.

Потребни состојки:

2 чаши спелено брашно
1 чаша брашно од овес или ‘рж
2 чаши кисела вода
1 лажичка сол
2 супени лажици маслиново масло
1 прашок за пециво
* по желба семки за посипување

Подготовка:

Во садот истурете го брашното, додадете ја киселата вода и сите останати состојки, па измешајте со лажица. Покријте го плехот со хартија за печење, а потоа истурете ја смесата во неа. Убаво обликувајте го лебот. Посипете со семки по желба и покријте со фолија.

Печете во загреана рерна на 230 степени околу 50 минути, по што треба да ја извадите фолијата и да го оставите лебот да се испече. Откако ќе се олади, ставете го во хартија, па во кеса и чувајте го на ладно место.

Вака приготвениот леб може да ви издржи и до 7 дена, доколку во меѓувреме не го изедете, што е малку веројатно, бидејќи е премногу вкусен и премногу мек.

To top