Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг. Откако пред извесно време дете од одделението му рекло:
„Ти немаш татко, мајка ти те родила по грешка и морала да те чува“, овој пат на Андрија му удриле бокс во стомак.
Еве што напиша таа на Инстаграм, а во видеото слушнете го и нејзиното емотивно сведоштво:
Не знам дали забележавте ама последниве три дена малку помалку сум активна од причина што сѐ она што се случува околу Андрија ми ја зима силата.
Колку и да стојам на ставот дека треба ‘да вратиш’ во 21 век, сепак сум горда на воспитувањето и на сѐ она што е тој денес.
Булинг е сељачка работа.
Во наше време беше некако оправдан со по некој памар и лош збор но, никако не поддржана со муабети од возрасните. Па ќе ти речат ‘ајјј бе нас како не малтретирале’ Денес е поинаку.
View this post on Instagram