Повеќе од десетина земји го суспендираа финансирањето на УНРВА по обвинувањето дека 12 членови од персоналот на агенцијата учествувале, на некаков начин, во нападите на Хамас на Израел на 7 октомври. Тие се отпуштени од УНРВА и се под истрага.
„Луѓето во Газа гладуваат. Здравствените служби колабираа. Покрај сите последици од војната, многумина умираат од заразни болести и недостиг на здравствена заштита. Нашата поддршка за напорите на УНРВА е поважна од кога било“, изјави норвешката министерка за меѓународен развој Ана Беат Твинереим.