Околу 20 часот во близина на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници забележале дека во возилото „ауди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, влегуваат мигранти, по што дале знак за негово запирање.
Тој не застанал и продолжил со движење на автопатот А1 во правец Гевгелија – Скопје и во близина тунелот „Јаворица“ ги истоварил мигрантите.
После тоа, се вратил назад на автопатот А1 во правец Скопје – Гевгелија и во 21.00 часот бил запрен и лишен од слобода.
По пребарување на теренот биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.