Македонија овиот состав на ДКСК беше изгласан минатата година

Свечена изјава на новиот состав на ДКСК пред претседателот на Собранието

Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Свечена изјава на новиот состав на ДКСК пред претседателот на Собранието

За претседател на ДКСК избрана е Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), а за членови судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Новиот состав на ДКСК беше изгласан во Собранието во декември минатата година.

Најнови вести од Македонија

To top