Утрово во Општина Аеродром, се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година.
Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите.
Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна упати благодарност и се заблагадари за придонесот на наставниците од следните основни училишта:
– ООУ „Гоце Делчев“ – Јасмина Ѓорѓевска
– ООУ „Блаже Конески“ – Јоана Николиќ
– ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Љубинка Стојановска
– ООУ „Димитар Македонски“ – Оливија Жежова
– ООУ „Александар Македонски“ – Михајло Христов
– ООУ „Браќа Миладиновци“ – Жаклина Ристовска
– ООУ „Лазо Ангеловски“ – Костадинка Поповска
– ООУ „Љубен Лапе“ – Жанета Дивјаковска.