Принцот Хари, според пишувањата на странските медиуми, „со задоволство би прифатил“ да се сретне со својот брат Вилијам, но сепак ноќта ја поминал во хотел во Лондон.
Според Марк Даер, заеднички пријател на принцовите, сосема е разбирливо што тие нема да се сретнат заедно, чија нетрпеливост датира од трагичната смрт на нивната мајка, принцезата Дијана.
Принцот Вилијам ќе продолжи да се грижи за сопругата Кејт која се опоравува од операција на абдоменот и ќе паузира привремено од јавните обврски до Велигден.
Според странски извори, војводата од Сасекс вчера долетал од Калифорнија за да може да помине само 45 минути со кралот Чарлс.
Хари не преноќил во кралската резиденција и нема намера долго да остане во Лондон и веќе се подготвува за своето патување назад во Монтесито каде живее со сопругата Меган Маркл и нивните две деца Арчи и Лилибет.
Се претпоставува дека војводата ќе и се придружи на Меган следната недела на комеморативниот настан Invictus Games што се одржува во Ванкувер.
Блиските на принцот Хари велат дека војводата е подготвен да се сретне со својот брат без разлика на се.
-Главната причина на војводата за патување во Лондон е всушност да се сретне со својот болен татко. Иако, ако се укаже можност да го види и принцот Вилијам, тој и тоа со задоволство ќе го прифати, откриваат извори.
Односот на Хари и кралот е разнишан по смртта на кралицата Елизабета Втора.
Извори од палатата, сепак, велат дека во моментов нема шанси отуѓените браќа да се сретнат при посетата на Хари во Велика Британија.
Кралот Чарлс лично му се јавил на принцот Хари за да му ја соопшти тажната вест, дека боледува од карцином кој бил откриен при операцијата на простата.
Според очевидци, Хари пристигнал придружуван од полициско обезбедување на пат кон Кларенс Хаус.
Ниту принцот Хари, ниту принцот Вилијам се уште не се изјасниле за целата ситуација.