Промо Центарот ќе биде готов за неколку месеци

Со донација на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ од над 400 илјади евра ќе се формира Ургентен тријажен центар на Клиниката за токсикологија

Простор од 750 квадратни метри од Клиниката за токсикологија ќе биде реновиран и трансформиран во Ургентен интернистички тријажен центар, со пари од „Комерцијална банка“ и „Алкалоид“, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Со донација на „Алкалоид“ и „Комерцијална банка“ од над 400 илјади евра ќе се формира Ургентен тријажен центар на Клиниката за токсикологија

Донацијата од „Комерцијална банка“ изнесува 235.000 евра, а од „Алкалоид“ 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра.

Договорот за донацијата министерот го потпиша со Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во „Комерцијална банка“ и Владо Индов, директор во „Алкалоид“.

Министерот кажа дека Тријажниот центар ќе биде прв контакт за прием на пациентите, каде во зависност од состојбата ќе може да останат до 48 часа, а понатаму ќе бидат препратени или на некоја од Интерните клиники или ќе бидат пуштени дома.

Центарот ќе биде опремен со апарати за интензивна и полуинтензивна нега, компјутерска томографија, рентген и ендоскопија.

Се очекува Центарот да биде готов за неколку месеци.

To top