Свет Украина треба итно да добие повеќе оружј

Мишел ги повика САД да обезбедат средства за финансиската стабилност на Украина

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур го повика Претставничкиот дом на САД да ослободи 60 милијарди долари за да се обезбеди финансиската стабилност на Украина.

Мишел ги повика САД да обезбедат средства за финансиската стабилност на Украина

Тој истакна дека минатата недела шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ едногласно одлучиле Киев да добие 50 милијарди евра за следните четири години. Мишел додаде дека во декември минатата година одлучиле да започнат пристапни преговори со Украина.

-Ова покажува дека сме решени да не попуштиме под притисокот на Русија, која го прекрши меѓународното право. Добро разбираме дека помошта за Украина е поддршка за безбедноста и напредокот на ЕУ, рече Мишел.

Тој додаде дека Украина треба итно да добие повеќе оружје.

-Мора да го исполниме ветувањето дека ќе испорачаме еден милион гранати на украинските сили, инсистираше Мишел.

Најнови вести од Свет

To top