Свет казa поради непријателски изјави

Германско-турски писател осуден на затвор за поттикнување омраза

Германско-турскиот писател Акиф Пиринчи беше осуден вчера пред окружниот суд во Бон на девет месеци затвор без помилување поради поттикнување омраза.

Германско-турски писател осуден на затвор за поттикнување омраза

Шеесет и четиригодишникот е казнет поради непријателски изјави за имигрантите на неговиот блог. Неговиот адвокат Мустафа Каплан за ДПА изјави дека тој веќе поднел жалба на пресудата, која се уште не е правосилна.

Ова не е прва пресуда за Пиринчи за поттикнување омраза. Сепак, тој тврди дека неговите изјави се опфатени со правото на слобода на изразување. Пиринчи, роден во Истанбул во 1959 година, се преселил во Германија со своето семејство во 1969 година и израснал во регионот Ајфел, во близина на градот Бон.

Од 1989 година се прослави со серијалот криминалистички романи „Felidae“ во кои главната улога ја играа мачките. Романите се продадени во милиони примероци, се преведени на многу јазици и се направени филмови.

Меѓутоа, во последните 10 години Пиринчи најмногу привлекува внимание со своите десничарски популистички и исламофобични изјави. Во 2014 година ја објави својата прва нефикционална книга „Германија полуде: Лудиот култ на жените, хомосексуалците и имигрантите“.

Следната година, тој им рече на демонстрантите против странците во Дрезден дека „за жал, концентрационите логори повеќе не функционираат“.

Најнови вести од Свет

To top