Претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 152-годишнината од неговото раѓање.
Во рамки на државниот настан, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, претставници на Собранието и претставници на политичките партии и граѓански здруженија.