Свет шпионажа

Турската полиција уапси седум лица под сомнение дека продавале информации на Мосад

Полицијата во Турција денеска уапси седум лица под сомнение дека продавале информации на израелската шпионска агенција Мосад, објави агенцијата Анадолија.

Осомничените кои, наводно, доставувале информации до Мосад преку приватни детективи, биле приведени во заедничка операција на полицијата и разузнавачката организација (МИТ), а двете служби постапувале по налог на Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул.

Во извештајот на турската агенција се наведува дека рациите биле извршени во Истанбул и градот Измир, на западниот турски брег.

И минатиот месец, исто така, беа уапсени 34 лица под сомнение дека шпионирале за Израел.

Тие се обвинети за планирање активности кои вклучувале извидување и „гонење, напад и киднапирање“ на странски државјани кои живеат во Турција.

Мосад наводно регрутирал Палестинци и сириски државјани во Турција како дел од операцијата против странците кои живеат во оваа земја. сд. /фото:МИА архива .

Најнови вести од Свет

To top