– Натпреварот беше напнат. Резултатот можеше да биде секаков. Неколку пати губевме контрола над играта, а Милан ги искористи слободните зони. Ова е група на смртта, и со право ја нарекоа така. Судбината на секој од четирите екипи е во нивни раце. Следниот натпревар ќе биде многу важен, изјави Енрике за „RMC Sport“.
Милан ја извојува првата победа во оваа Лига на шампиони. Тимот со пет бода се искачи на третото место во групата Ф. ПСЖ има шест на втората позиција. Лидер е Борусија Дортмунд со седум бода, додека Њукасл е последен со четири бодови.
Во следното коло Милан гостува на Борусија Дортмунд, ПСЖ на домашен терен игра со Њукасл. Двата натпревара ќе се одиграат на 28 ноември.