На 06.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје 42-годишен маж пријави дека околу 08:20 часот на своето работно место како контролор на ЈСП за наплати и билети, во два наврати бил физички нападнат од О.А.(61) и од две други лица.
Според пријавеното, тој го затекнал О.А. без билет, кој веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал.
Како што е пријавено, тој успеал да влезе во друг автобус, но на друга постојка повторно бил нападнат од О.А., кој овојпат бил со уште две лица.
Се работи на расчистување на случајот.