Свет

Белата куќа потврди, медијатори предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран

Белата куќа потврди, медијатори предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран

Белата куќа денеска потврди дека медијаторите предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не ја потврдил идејата.

„Ова е една идеја меѓу многуте и претседателот не ја потврдил. Операцијата „Епски бес“ продолжува и претседателот ќе одржи прес-конференција денеска во 13 часот по локално време (17 часот по Гринич), изјави висок американски функционер.

Според американското издание „Аксиос“, пакистанските, египетските и турските медијатори предложиле 45-дневен прекин на огнот. Трамп му дал на Иран ултиматум до утре вечер и рекол дека ако не се исполни, инфраструктурата во земјата ќе биде погодена.

Претходно денеска, Иран соопшти дека ги формулирал своите идеи за прекинот на огнот како одговор на предлогот. (МИА)

To top