Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 149 километри од градот Лариса.
Нема пријавени повредени или материјална штета.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван силно и траел долго време.
Истиот бил почувствуван и во Албанија, каде што луѓето пријавија дека почувствувале мал потрес што траел 10 секунди.