Свет услови

Извор: Иран постави пет услови за завршување на војната

Иран како еден од условите за прекинување на конфликтот со САД и Израел постави почитување на неговото право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, објавија руски медиуми.

Извор: Иран постави пет услови за завршување на војната

Иран како еден од условите за прекинување на конфликтот со САД и Израел постави почитување на неговото право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, изјави дипломатски извор од Исламската Република, објавија руски медиуми.

„Меѓу условите за прекинување на војната е траен мир во нашиот регион, а не само прекин на огнот, со кој веќе имаме горчливо искуство. Механизмот за постигнување траен мир вклучува осуда на агресорот, воени репарации за материјална штета, укинување на сите санкции и почитување на правото на Иран на мирна употреба на нуклеарна енергија“, рече изворот.

Условите на Иран, според изворот се траен мир, а не само прекин на огнот, осуда на агресорот,
воени репарации, укинување на санкциите, цивилна употреба на нуклеарна енергија.

Истиот извор истакна дека од почетокот на конфликтот немало преговори меѓу Техеран и Вашингтон, иако САД наводно ги бараат.

Кон крајот на март, американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека двете страни започнале разговори за решение на конфликтот.

Сепак, иранското Министерство за надворешни работи негираше дека се одвива директен дијалог, но потврди дека Техеран добил пораки преку посредници за желбата на Вашингтон да започне разговори.

Според извештајот на Прес ТВ, Иран поставил пет услови за прекин на конфликтот, меѓу кои се гаранции дека војната нема да се повтори и меѓународно признавање на контролата на Техеран врз Ормуската Теснина.

Во исто време, САД сè повеќе преместуваат воени сили на Блискиот Исток. Трамп се закани дека ќе изврши силни напади врз Иран во следните две до три недели, додека министерот за одбрана Пит Хегсет изјави дека Вашингтон не ја исклучува можноста за копнена операција.

To top