Ракомет

Вардар без проблеми ,против ослабениотОхрид

Вардар без проблеми ,против ослабениотОхрид

Ракометарите на Вардар дојдоа и до третата победа во плеј-офот од Супер лигата.

На домашен терен вардарци го совладаа ГРК Охрид со 31:21 (17:12).

Гостите од Охрид настапија со комбиниран состав.

Најголемиот дел од првиот состав имаше „слободно“ во пресрет на саботниот дуел од ЕХФ Европскиот куп, реванш четвртфинале со Олимпијакос.

И во такви услови гостите од Охрид поведоа со 7:5.Но следуваше серијата од 5-0 за „црвено-црните“ и за водство од 10:7. На полувреме Вардар имаше позитива од пет голови 17:12.

Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ постепено го зголемуваа водството. На крајот стигнаа вардарци до најубедливите +10 (31:21) што беше и конечен резултат.

Урош Митровиќ кај Вардар и Дејан Кукуловски кај Охрид со по 6 голови беа најефикасни на натпреварот.

На чело на табелата е Вардар со 48 бодови, Еурофарм Пелистер има 42, Охрид 40, Алкалоид 38, Тиквеш 24 и Бутел 22.

To top