Легендарниот голман на Италија, Џанлуиџи Буфон потврди дека поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим, по заминувањето на претседателот Габриеле Гравина. Серијата откази доаѓа по непријатниот пораз и елиминацијата од БиХ во баражот, односно неучество на Светското првенство.
Италија загуби на пенали и третпат не успеа да избори пласман на Мундијалот.
Буфон веднаш по натпреварот во Зеница реши да поднесе оставка, но на молба на федерацијата почека со нејзиното објавување.
-Сметам дека е правилно оние кои доаѓаат да имаат можност да изберат личност за оваа функција. Да се претставува репрезентацијата за мене беше чест и страст од детството, изјави Буфон.
Буфон на позицијата шеф на делегацијата беше од летото 2023 година.
На иста линија се наоѓа е и селекторот Џенаро Гатузо, кој исто најави заминување од клупата. (МИА)