Македонија

Приведен вработен во МВР: Возел во спротивна насока, па му се заканувал на полицаец

Од страна на полицискиот службеник, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.

Приведен вработен во МВР: Возел во спротивна насока, па му се заканувал на полицаец

Полициски службеници вчера го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР.

-При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник, информира МВР.

Од страна на полицискиот службеник, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top