Според пресудата, порталот изнел невистинити факти за тужителот, со што ја повредиле честа и угледот со следново: „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“.
Целата пресуда е објавена на „Бриф“.
Мицкоски неодамна потенцираше дека неколку пати добил пресуди за ширење на лажни вести, клеветење и невистини во, како што влеи, црната кампања која СДСМ ја води против него.
-Докажано е дека brif.mk лажеа и апсолутно ширеа невистини. Лажеа и кога еден вицепремиер од владата преку еден негов медиум правеше прилог пред куќата која ниту е моја, ниту вреди милион евра. На оваа и на милион други лаги, како онаа дека наводно сум поседувал куќа во Црна Гора, дека сум имал не знам какви бизниси и хидроцентрали, единствено гледам како на очаен обид да се деградира мојата личност и да се дефокусира вниманието од нивната неспособност. Колку тие се по злобни во лагите толку јас сум помотивиран да ги поразимиме, смениме и да ја изградиме Македонија. Важно е да создадеме квалитетно општество базирано на принципи, вредности и морал. Важно е да има одговорност и да донесеме иднина, рече неодамна Мицкоски.