Фудбал Трето Светско првенство на кое нема да настапи

Во Италија се бараат оставки, Буфон и Гатузо најавуваат заминување

Дел од навивачите своето незадоволство го искажаа со вандалски чин на влезот на просториите на фудбалската федерација на Италија.

Во Италија се бараат оставки, Буфон и Гатузо најавуваат заминување

Фудбалската репрезентација на Италија трето Светско првенство нема да настапи, што е секако огромно разочарување во земјата која е четирикратен светски првак. Ден по натпреварот и поразот на пенали од Босна и Херцеговина, навивачите и јавноста сè уште се во шок.

Дел од навивачите своето незадоволство го искажаа со вандалски чин на влезот на просториите на фудбалската федерација на Италија.

Од високи државни позиции се бараат оставки од водечките луѓе на федерацијата по дебаклот, а министерот за спорт Андреа Абоди изјави дека ќе бара оставка од претседателот на ФФ Италија, Габриел Гравина.

Инаку, Гравина е на таа позиција од 2018 година.

Координаторот на репрезентацијата Џанлуиџи Буфон најави дека ќе даде оставка, доколку Италија не се пласира на Мундијалот, а синоќа само го потврди својот став со тоа што ќе остане уште некое време, додека трае консолидацијата.

Заминување најави и селекторот Џенаро Гатузо, но ќе го почека состанокот на првите луѓе на федерацијата. (МИА)

Теми на денот

To top