Свет Светот се менува со светлосна брзина

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

-Светот се менува со светлосна брзина, системот на НАТО ќе мора да ги следи тие промени и да се прилагоди на новиот светски безбедносен поредок, вели Стефановски за „Локално“.

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

САД би можеле да ја завршат воената операција против Иран во рок од две до три недели, изјави шефот на Белата Куќа, Доналд Трамп. За Ормутскиот теснец, кој Исламската Република го блокираше, Трамп вели дека повеќе не е негов проблем. Тој повторно во негов манир го стави под знак прашање членството на Америка во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“. Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на војната со Иран „речиси и да нема дилема“ дека ќе мора да се преиспита американското присуство во НАТО. Toj се судира со европските сојузници од НАТО од самиот почеток на војната и ги критикува што не им помагаат на САД, особено околу обезбедувањето на Ормускиот Теснец. „Никогаш не сум бил уверен во НАТО. Отсекогаш сум знаел дека е тигар од хартија, и Путин добро го знае тоа“, рече Трамп.

Дали НАТО е мртов по ваквите пораки од најголемата светска и воена сила? За дел од експертите, околностите кои ќе ги детерминираат идните одлуки околу хомогеноста на НАТО стануваат се покомплицирани бидејќи постои се поголема дискрапанца во однос на надворешната и геополитичката стратегија на ЕУ и САД.

Според, политикологот и воено-безбедносен аналитичар, Милан Стефановски, администрацијата на Трамп и стратегијата на САД не се поклопуваат со стратешките погледи на ЕУ во смисла на светскиот, економскиот и енергетскиот поредок.

Како што вели, оттаму е и стравот дека внатре во НАТО ќе се јавуваат пукнатини.

-Еклатантен пример е актуелниот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран. Без разлика дали САД ќе ја ревидираат активната улога во НАТО во смисла на финансирање и одлуки, НАТО не е проектиран да биде мртов, туку напротив, НАТО мора да има еластичен систем на носење на одлуки, дури и ако САД одлучат да дејствуваат поинаку. Светот се менува со светлосна брзина, системот на НАТО ќе мора да ги следи тие промени и да се прилагоди на новиот светски безбедносен поредок, вели Стефановски за „Локално“.

Теми на денот

To top