Македонија состојбата е стабилна, владата ќе реагира исклучиво во интерес на граѓаните

Мицкоски: Македонија има убедливо најевтини цени на горивата во регионот – граѓаните да бидат спокојни, како држава рефлектираме стабилност и сигурност

Единствена земја во регионот оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата е Македонија. Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи. Тоа е резултат на одлука на РКЕ, второ имаме убедливо најевтини цени на горивата во регионот. Тоа значи ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евра за литар до 1,39 евро центи за литар, 95, 98 октанскиот иако дизелот е некаде околу 1,5 – 1,53 евроценти за литар, во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија од 1,81 до над 2 евра во Косово исто така, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во Германија веќе имаме и до 3 евра што стигаат цените по литар, и во останатите европски земји. Со други зборови, во овој прв месец во историски најголемата нафтена криза, после она од 73та, односно од седумдесетите на минатиот век ние како држава рефлектираме стабилност, сигурност и план да се справиме со овој предизвик, вели премиерот.

-Ги уверувам граѓаните, во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно не гледам никаква причина за страв од немање на енергенси, од воведување на незнам какви кризни состојби, и во делот на пазарот на електрична енеригија и во пазарот на нафта и нафтени деривати, уверува Мицкоски.

Премиерот вели дека за тоа што ќе се случува во идните месеци не се знае, но уверува дека владата ќе реагира исклучиво во интерес на граѓаните.

Што ќе се случува за месец, два, три, пет што ќе се случува не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас, зависи од други фактори во светот. Но, ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните. Ме прашавте „дали ќе ја продолжиме мерката?“ – Апсолутно, доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно ќе ја продолжиме таа мерка, се додека траа кризната состојба, ако продолжи и понатаму ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката, и доколку повторно ескали имаме друди можности и алатки на располагање. Тука се акцизите, ни стојат се уште на располагање, додаде премиерот.

Она што можеби е позитивна вест е што утрово, суровата нафта од типот на ВТИ и БРЕНТ е околу 100тина долари за барел, значи имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе ова па на крај на денот во петок кога ќе заврши денот ќе можеме да знаеме која ќе биде цената од прилика која што од понеделник РКЕ би ја донела и врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот ако треба вонредна седница на владата ќе свикаме и тоа ќе го направиме, појасни премиерот Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека состојбата е под контрола и граѓаните да бидат спокојни.

-Единствена држава која што ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби и најдобра во Европа што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати, од аспект на количини граѓаните да бидат спокојни, има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од ситуацијата така ќе реагираме. Предизвици ќе има, но тие предизвици не зависат од нас, тие предизвици зависат од глобалната состојба. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола за разлика од некои минати времиња кога паниката беше неспособноста и криминалот и корупцијата, второ име на некои претходни влади, вели премиерот Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top