Македонија голема разлика во рејтинзите на власта и опозицијата

Костов за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Власта покажува политички р’бет и достоинство, ме плаши тоталната паднатост на колена на опозицијата! (ВИДЕО)

Не сум задоволен од оваа анкета, некако диспропорцијата меѓу власта и опозиоцијата е многу голема, тоа не треба да не радува. Треба да не радува што конечно имаме власт која има утабана патека, оди по права насока, се грижи за националните и државни интереси, не попушта, го рескира она ЕУ интеграции, а во суштина не. Покажува политички рбет, покажува достоинство и еве ги анкетите, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски аналитичарот Сотир Костов.

Костов за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Власта покажува политички р’бет и достоинство, ме плаши тоталната паднатост на колена на опозицијата! (ВИДЕО)

Не сум задоволен од оваа анкета, некако диспропорцијата меѓу власта и опозиоцијата е многу голема, тоа не треба да не радува. Треба да не радува што конечно имаме власт која има утабана патека, оди по права насока, се грижи за националните и државни интереси, не попушта, го рескира она ЕУ интеграции, а во суштина не. Покажува политички рбет, покажува достоинство и еве ги анкетите, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски аналитичарот Сотир Костов во однос на последната анкета каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред нивните конкуренни.

Мене ме плаши, тоталната дезориентираност, тоталната паднатост на колена на опозицијата. За два месеци, имаме две години откако ја изгубија власта. По втор пат или по трет пат се случуваат два феномена, вели Костов.

Костов појаснува дека рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е стабилен во однос на сите други политички противници.

-Кога ќе го змемеш рејтингот на Христијан Мицкоски, тој сега некаде 25.5, еден или два помалку од лани или од првиот пат. Значи е стабилен и покажува сигурност, покажува лидерство и покажува перспектива, ама кога ќе ги собереш другите сите лидери во анкетата, заеднички. Опозиција, позиција се помалку од рејтингот на Христијан Мицкоски, тоа не чини, смета Костов.

Исто така, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како партија е стабилен и висок наспроти оној на опозицијата, потенцира Костов.

-На политички план, на коалиционен план, пак рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, напаѓаната, штотолку не ја изгубила власта, граѓаните не ја сакале „од мене излегува сега говорот на СДСМ, на раководството, на Јон, на Филипче, на Кузеска и т.н“, значи пак е висок 24 и нешто, стабилизирано, вели аналитичарот.

И пак да ги собереш сите политички партии, Костов вели дека се помалку од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото гостување на Кoстов погледнете го во продолжение:

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top