Скопје Во должина од околу 1,4 километри

Општина Чаир: Напредува проектот за булеварот „Митхат Фрашери“

Овој процес, се вели во соопштението, е дел од постапките за уредување на имотно-правните односи и започнување на експропријацијата, како предуслов за почеток на работите.

Општина Чаир: Напредува проектот за булеварот „Митхат Фрашери“

Претставници на Општина Чаир, заедно со комисијата на Град Скопје денеска излегоа на терен за утврдување точките за проширување на булеварот „Митхат Фрашери“, со што се отвора патот за започнување на процедурите и реализацијата на градежните работи, соопшти општината.

Овој процес, се вели во соопштението, е дел од постапките за уредување на имотно-правните односи и започнување на експропријацијата, како предуслов за почеток на работите.

Проектот го опфаќа делот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од околу 1,4 километри и предвидува современи сообраќајни решенија со четири сообраќајни ленти (по две во секоја насока), централен зелен појас, велосипедски патеки во двата правци, тротоари за пешаци, како и заштитно зеленило и простори за автобуски постојки.

-По завршувањето на административните постапки, се очекува во најскоро време да започнат градежните работи, со што ќе се отвори патот за реализација на проектот, информираат од Општината.

To top