Македонија значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, етапно зголемување на платите до 40 проценти

Како што соопшти МЈА, зголемувањето на платата на административните службеници ќе биде до 40 проценти и ќе се реализира во три фази, од март 2026 до март 2028 година. 

Потпишан колективниот договор за вработените во Министерството за јавна администрација, етапно зголемување на платите до 40 проценти

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска го потпиша колективниот договор за вработените во Министерството, со кој се предвидува зголемување на платите на административните службеници.

Како што соопшти МЈА, зголемувањето на платата на административните службеници ќе биде до 40 проценти и ќе се реализира во три фази, од март 2026 до март 2028 година.

МЈА во соопштение нагласува дека се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата и дека со овој договор дополнително се уредуваат правата, обврските и работниот статус на вработените, како и условите за работа, со што се обезбедува поголема сигурност, подобра заштита на работничките права и појасна рамка за функционирање на институцијата.

-Министерот Минчев истакна дека потпишувањето на колективниот договор претставува важен чекор кон подобрување на статусот на вработените и создавање стабилна, професионална и мотивирана јавна администрација. Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените – информира Министерството за јавна администрација.

Најнови вести од Македонија

To top