Познати нова врска на повидок или позирање пред публика

(ВИДЕО) Анџелина Џоли во Шангај се фотографира со дизајнерот Хајдер Акерман држејќи го за рака

Многу сум благодарна што сум тука. Сакам да имав повеќе време и со нетрпение очекувам да се вратам – изјави холивудската ѕвезда.

(ВИДЕО) Анџелина Џоли во Шангај се фотографира со дизајнерот Хајдер Акерман држејќи го за рака

Анџелина Џоли го привлече вниманието на јавноста со појавувањето на настанот на „Том Форд“ во Шангај, каде што се фотографира со креативниот директор на брендот, Хајдер Акерман, држејќи го за рака.

Џоли ги изненади присутните на модниот настан во кинеската метропола избирајќи малку посмел изглед на шминка во споредба со нејзиниот препознатлив, минималистички стил. Американската актерка имаше светлоцрвен кармин, како централен детаљ на нејзиниот изглед, а остатокот од шминката остана суптилен и елегантен. Тоа го надополнуваше свилениот бел фустан со набори, длабоко деколте и нагласени раменици, со што, се вели, глумицата го задржа својот моден потпис.

Целиот изглед дополнително го истакна со нова фризура – со посветла, пепелаво-руса коса и патец настрана.

– Многу сум благодарна што сум тука. Сакам да имав повеќе време и со нетрпение очекувам да се вратам – изјави холивудската ѕвезда.

Џоли присуствуваше на ексклузивен настан за брендот, на кој се собраа многубројни ѕвезди од светот на модата, убавината и индустријата за забава, а кој послужи како платформа за промоција на линијата за убавина и визијата на модната куќа „Том Форд“.

Инаку, Хајдер Акерман е реномиран моден дизајнер познат по својот софистициран, уметнички инспириран пристап кон современата мода. Во текот на својата кариера тој работел за многубројни реномирани модни куќи, а особено се истакна како креативен директор на брендот „Берлути“, каде што дополнително го зајакна својот углед како иновативен дизајнер. (МИА)

To top