На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците (25,2%) најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

24 отсто од испитаниците, на прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, одговорија дека нивниот избор е ВМРО-ДПМНЕ. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… 28,1 отсто од испитаниците одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% – „не знам дали ќе гласам“.

Повеќе од половина од испитаниците кои се изјасниле за конкретна политичка партија на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11,5% се определиле за Вреди, 11,1% за СДСМ, 10,9% за ДУИ, 7% за ЛЕВИЦА, 4,8% за ЗНАМ…
Дали сте за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач, односно членка на ЕУ без право на вето? Повеќе од половина (52%) од испитаниците изјавиле дека се за влез на Македонија во ЕУ без право на вето.

На прашањето за тоа во која насока се движат работите во Македонија, 36,2 отсто од испитаниците одговориле дека наоката е правилна, а 46,9 отсто од нив сметаат дека се движиме во погрешна насока.
Анкетирањето беше спроведено од 2 – 18 март со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. МКД.мк