Свет

Кипар испрати околу 900 тони хуманитарна помош за Газа

Медицинска опрема, инкубатори за новороденчиња, хигиенски производи, опрема, како и прехранбени производи, содржи хуманитарната помош од околу 900 тони што Република Кипар ја испрати за Газа во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за испраќање помош преку поморскиот хуманитарен коридор, соопшти шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Кипар, информирајќи за последните случувања на Блискиот Исток, се осврна и на хуманитарната улога на земјата, за која рече дека не останува само на зборови, туку се покажува и во пракса и објасни дека испораката за Газа била испратена на 17 март, хуманитарната помош пристигнала вчера, а дистрибуцијата е во тек.

Тој објасни дека транспортот бил реализиран со поддршка организациите на ОН, како што се УНДП и СЗО и со учество на Обединети Арапски Емирати и Франција, а бил искористен механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток, апелираше до кипарските граѓани да ги почитуваат препораките за патување што се издадени, истакнувајќи дека не можат да се направат сигурни предвидувања за развојот на настаните и паралелно порача дека нови репатријација на државјани на Кипар од погодените региони нема да има во иднина.

– Затоа граѓаните се повикуваат сериозно да ги земаат предвид важечките препораки за патување и да ги почитуваат, особено кога тие се однесуваат на области во кои јасно постои опасност. Обидот за репатријација на наши државјани од такви подрачја во изминатиот период беше тежок. Успешно заврши, но не може и нема да се повтори во иднина. Затоа, прашањето отсега треба да се разгледува и во рамките на личната одговорност на секој патник што одлучува да патува спротивно на насоките дадени во нашите препораки за патување, истакна Комбос.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ваквите повици се должат на зголемен број патувања од Кипар кон овие региони, објасни дека се забележува пораст на патувања кон области за кои препораките се јасни.

– Ова, на некој начин го истакнуваме и превентивно, особено во пресрет на Велигден. Треба сите да бидеме многу внимателни, бидејќи постојат и граници до кои државата може да помогне и да интервенира, нагласи министерот за надворешни работи на Кипар.

To top